Ми нудеа 60.000 евра и луксузно патување за да имам секс со Ѓоковиќ!
Познатата српска манекенка, Наталија Шќекиќ, откри дека ѝ биле понудени 60 илјади евра и луксузно патување за да го заведе Новак Ѓоковиќ, односно да има секс со него.
Таа била повикана во Лондон на деловен состанок, каде што познаник имал непристојна понуда за атрактивната русокоса. Тој наводно бил контактиран од луѓе кои го замолиле да им најде убава девојка, која ќе го заведе Новак, ќе го одвлече во кревет и ќе го сними сето тоа.
„Ми се јави човек од Белград кого го познавам, мислев дека е сериозен менаџер. Кога закажа состанок, мислев дека ме бара за сериозна работа. Кога почна муабетот, кога ми го кажа планот прво помислив дека е скриена камера и почнав да се смеам. Изгледаше како шега ама навистина не беше. Тие подготвуваа пеколен план. Ми рекоа да го одведам Новак на некое интимно место и да го снимам сето тоа“, изјави манекенката.
Таа подоцна откри и детали од понудата.
„Понудата беше од 60 илјади евра и патување од соништата по мој избор. Сето тоа беше навредливо за мене. Не сум таква девојка, не сум проститутка. Можам само да замислам што би се случило доколку такво видео излезе во јавноста. Би настанал тотален хаос. Ѓоковиќ не заслужува такви работи и не е фер кон него“, заврши Наталија.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција предлага противник на Договорот од Преспа…
Портпаролот на Владата го објави предлогот за…
ДУИ со реакција: Вреди уште еднаш покажа…
Од ДУИ денеска реагираат на прес конференцијата…
Колку ќе чинат Смедеревката и Вранецот? МЗШВ…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска…
(Видео) Владата на Мицкоски се правда –…
Владата ја демантира албанската телевизија „Топ Чанел“…
Екс-министерот направи потег без преседан! Се што…
Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на…