Шолц и Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ кај Москва
Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го осудија терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва.
Шолц на платформата „Икс“ напиша дека го осудува терористичкиот напад врз недолжните посетители на концертот во Москва.
Нашите мисли се со семејствата на загинатите и повредените, рече Шолц.
Камерон на платформата „Икс“ напиша дека такво „ужасно насилство“ не може ништо да оправда. Камерон изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Според досегашните податоци, во терористичкиот напад загинаа 93 лица, а повеќе од 100 се повредени, соопшти Рускиот истражен комитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пеколна ноќ кај Церово: Пожарникарите цела ноќ…
Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа…
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…