Пишувал и печател дела на народен македонски јазик: На денешен ден починал македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ
На денешен ден во 1845 година, во селото Лешок, Тетовско, умрел Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и просветител.
Своето образование го почнал во манастирската школа во црквата „Света Пречиста Кичевска“, а го продолжил во манастирот Света Гора. Од Света Гора се вратил во Марковиот манастир, блиску до Скопје, каде што почнал да пишува. Подоцна се преместил во манастирот Лешок и таму останал до крајот на животот.
Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишувал и печател дела на народен јазик. Негови најпознати дела се „Огледало“, печатено во Будим, во 1816 година и „Утешение грешним“, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски.
Кирил Пејчиновиќ е роден во селото Теарце, Тетовско, околу 1771 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…