Почна средбата Петковиќ-Бисљими во Брисел
Со посредство на ЕУ во Брисел почна средбата на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими.
Состанокот на кој присуствуваат експерти се одржува во трипартитен формат, без претходни тет-а-тет средби.
Последната средба на делегацијата од Белград и Приштина со претставникот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, се одржа на 9 март во Брисел, на која се разговараше за регулативата на ЦБК со која се забранува плаќање во динари на Косово.
По средбата, која траеше повеќе од три часа, Лајчак изјави дека разговорите ќе продолжат на 25 март и дека очекува конкретни предлози од двете страни за решение на прашањето за динарот во Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…