Подољак тврди: Многу прашања околу нападот во Москва останаа без одговор
Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, реагираше на обвинувањата на Москва околу можна замешаност на Киев во нападот на концертната сала во Москва реплицирајќи дека терористите се всушност привремени руски државјани и дека, иако седиштето на руското ФБИ се наоѓа на стотици метри од местото на нападот, им требало цел час да стигнат.
„Терористите се – барем привремено – руски државјани. Истрагата не е во тек, но има многу прашања на кои треба да се одговори: Зошто речиси во центарот на Москва шетаа вооружени луѓе? Зошто детекторите за метал беа исклучени и немаше периметарско обезбедување? Зошто мрежата на агенти не функционираше и зошто окружниот оддел на ФСБ, чија канцеларија се наоѓа на стотици метри од Crocus City Hall, не реагираше на никаков начин 2-3 часа? Зошто специјалните сили пристигнаа на местото по повеќе од еден час? Зошто беше игнорирано предупредувањето за можни терористички напади? Зошто немаше разузнавачка работа и зошто терористите мирно ја напуштија зградата опколена од безбедносните сили и исчезнаа? Зошто, откако ефективно го организираа самиот напад, терористите се повлекоа на апсолутно смешен начин? Зошто беа приведени на белоруската граница? Зошто сите не зборуваа руски? Зошто тие беа руски државјани а нападот беше организиран во рамките на исламскиот радикализам… многу прашања. И,тогаш излегува Путин и примитивно, апсолутно без никакво разбирање на контекстот, функционирајќи без никакви информации, глупаво наведува дека „се обидоа да се сокријат во Украина“. Што? Сериозно? Што е ова? Дали навистина е можно сериозно да се сфати овој човек и неговите изјави?“- напиша Подољак на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…