Патешествие кое ни од далеку не изгледа како на Инстаграм: И покрај повредата, ќерката на Сара и Димитар Атанасовски, Илина, освои прво место во Софија

t

Понекогаш желбата за победа, лојалноста кон тимот и големата амбиција можат да направат чуда. Токму едно такво се случи со ќерката на Димитар и Сара Атанасовски, Илина која и покрај повредата, успеа да се врати на тимот и заедно да го освојат првото место на натпреварот за танцување во Софија.

Дека целото патешествие не изгледало ниту приближно како на инстаграм говори и објавата на водителот:

– Резиме на денот … На ден на тргање за натпревар во Софија, госпоѓицата доаѓа дома со истегната рака. Се трча по ургентни, се ставаат фиксатори и се преспива за да утрото одлучи што ќе се прави. Следниот ден истата дотична станува со муабет: мора да одам да изиграм, не сакам да ја зезнам екипата.

Тргаме за Софија и останатото е историја. Уште едно прво место за екипата. Браво! – За нас, уште едно патешествие кое ни од далеку не изгледа како на инстаграм, ама ај, да си речеме дека нешто сме споделиле, напиша водителот под објавата.

Браво Илина!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски за „Спорт фокус“: Инвестираме во спортската…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во…

Гаши за гласањето во недела: Во Брвеница…

На вториот круг на локалните избори во…

Мицкоски: Јас сум за отворање рудник за…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски  на денешната…

Полициска акција на повеќе од 10 локации…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

АЛАРМАНТНО: Двесте до триста пациенти на 100.000…

Годишно, на 100.000 жители има од 200…