Советот за безбедност на ОН повика на прекин на огнот, дали двете страни ќе го послушаат апелот?
Советот на безбедност на Обединети нации денеска усвои резолуција со која се бара „итен прекин на огнот“ помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, како и безусловно ослободување на заложниците.
СБ на ОН првпат по шестмесечната војна во Појасот Газа бара „итен прекин на огнот“ за време на Рамазан, што трае уште две недели.
„За“ резолуцијата гласаа 14 земји, а само САД беа „воздржани“.
Резолуцијата беше поднесена од десет непостојани земји-членки на СБ, меѓу кои и Алжир, Гвајана, Малта, Мозамбик, Сиера Леоне, Словенија и Швајцарија.
Во претходните обиди постојаните земји-членки на СБ на ОН ставаа вето, со што оневозможуваа усвојување на претходните резолуции за примирје во Газа.
САД досега ставија вето на три нацрт резолуции, а Русија и Кина двапати го блокираа американскиот предлог.
Во резолуцијата се нагласува и итната потреба да зголемување на хуманитарната помош и да се интензивира заштитата на цивилите ширум палестинската енклава
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…