Над 40 камери прегледани во врска со убиството на докторот во Железара

t

Над 40 камери се прегледани, вклучувајќи ги и камерите од „Безбеден град“ и извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица во врска со случајот со лекарот кој во четвртокот вечерта беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот кај поликлиниката Железара.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се врши и дополнителна криминалистичко-техничка обработка на возилото, се обезбедуваат листинзи од телефонските броеви и се врши нивна анализа.

– Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот, велат од МВР.

Шесесет и седумгодишниот лекар кој работел како матичен лекар беше пронајден минатата недела во неговото возило со убодни рани по телото. Според пријавата во полиција, телото го пронашле неговите синови откако тој не се вратил од работа.

Матичните лекари денеска од 12 до 16 часот во знак на револт денеска прекинаа со работа барајќи построги казни за напад врз здравствените работници, а Лекарската комора во петокот побара итна разрешница на случајот. Денеска, и министерот за здравство Илир Демири изрази жалење и побара од истражните органи да ја спроведат истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…

Кристин Лагард заминува од челната позиција во…

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард,…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Австралиците повикани да се подготват за кризи:…

Австралиците се повикуваат да бидат подготвени за…

Светска банка предупредува на нов бран поскапувања…

Цените на енергенсите во светот годинава ќе…