(Видео) Средба Ковачевски-Величковски, СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите
Денес во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски потпиша меморандум за соработка со претседателот на Движењето за Нова Република, Ивон Величковски, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители, а во насока на продолжувањето на активностите кои означуваат обезбедување европска иднина за граѓаните, извести СДСМ.
„Со меморандумот за соработка се потврдува соработката со Движењето за Нова Република со цел полноправно членство на Македонија во Европската Унија и придонес кон националната и колективната безбедност и одбрана на Македонија и кон нејзините сојузници во НАТО.
Воедно, потписниците со потпишаниот меморандум ја потврдуваат соработката со цел зајакнување на владеењето на правото во Македонија по изборите, а воедно ќе се залагаат за креирање и спроведување одржливи јавни политики со кои ќе се обезбеди просперитет за граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британски „Тајмс“: „Првиот куршум е за тебе“…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ наводно размислувал…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…
Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста…
Денес се празнува Светиот маченик Лонгин
Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По…