Франција наметнува барања до производителите на оружје да ја забрзаат воената помош за Украина
Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну изјави денеска дека е подготвен да ги искористи своите овластувања за да наметне конкретни барања за производниот капацитет на производителите на оружје или да постави приоритетни цели за нивното производство за да се забрза производството на оружје и муниција за Украина, како и како и за другите места во светот, пренесоа британските медиуми.
-Овие прашања… дефинитивно се на агендата, рече Лекорну на прес-конференција, додавајќи дека производствените и складишните линии се особено зафатени за ракетни системи за воздушна одбрана и артилериски гранати.
Тој, исто така, посочи дека може да побара конкретни залихи или да им нареди на компаниите за оружје да дадат приоритет на одредени нарачки.
-Бројот на странски нарачки за француските производители на оружје е голем, особено за противвоздушни, артилериски и радарски системи што ги користи украинската армија во битките со руските сили, истакна Лекорну.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 65-годишен маж на аеродромот во Атина…
65-годишен маж е уапсен во саботата на…
Невреме ја погоди Далмација: Ветерот кревал соблекувални…
Силно невреме проследено со поројни дождови, град…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа…
Посетата на Еди Рама носи посебен сообраќаен…
Поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди…
Полицијата го приведе 87-годишниот скопјанец кој возеше…
Полициски службеници од Полициската станица Карпош при…