ПУТИН: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ОБВИНИТЕЛИТЕ ЌЕ НАПРАВАТ СЕ’ ТЕРОРИСТИТЕ ДА БИДАТ КАЗНЕТИ!
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека истражителите ги утврдуваат околностите на терористичкиот напад во Москва и додаде дека се надева оти обвинителите ќе направат се’ за терористите да бидат казнети.
„Се надевам дека обвинителите, во рамките на нивните овластувања, вклучително и при покренување државни обвиненија и за време на судскиот процес, ќе направат се што е потребно за криминалците да добијат правична казна. Како што налага рускиот закон“, рече Путин на состанокот. на колегиумот на Генералното обвинителство на Руската Федерација.
Тој додаде дека безбедноста на граѓаните, зголемувањето на суверенитетот и зајакнувањето на законот и редот се уште се клучните политички цели на руските власти. Тој најави отпочнување на националниот проект „Младите на Русија“ во чии рамки, како што рече, ќе се работи на заштита на правата на малолетниците.
„Ќе направиме се за да обезбедиме децата и адолесцентите да бидат заштитени од криминални напади и ризик да бидат вовлечени во криминална и екстремистичка средина“, рече Путин.
Во нападот на 22 март во концертната сала „Крокус“ во Москва загинаа најмалку 139 лица, а повеќе од 180 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АИ: Акциите на бунтовниците од М23 во…
Меѓународната организација за заштита на човековите права…
Иран само во септември заработил повеќе од…
Приходите на Иран од продажба на нафта…
Памер: Македонија направи одлична работа и ќе…
„Северна Македонија направи одлична работа во однос…
Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Семејствата на загинатите во Ласкарци по укинувањето…
Семејствата на загинатите и повредените во автобуската…