Бомбаш самоубиец уби пет лица кинески работници во Пакистан
Најмалку шест лица, вклучително и пет кинески работници, загинаа кога бомбаш-самоубиец удри во нивното возило во северозападен Пакистан, соопштија денеска пакистанските власти, пренесе ДПА.
Инцидентот се случил во близина на областа Бишам, во нестабилната провинција Кубер Пахтунхва, која се граничи со Авганистан.
-Најмалку пет Кинези беа убиени во самоубиствениот напад, изјави Ѓул Наем, претставник на локалната полиција за ДПА.
Меѓу загинатите е и пакистанскиот возач на комбето.
Наем изјави дека конвојот со кинески работници и инженери бил на пат кон Дасу, каде што се гради кинеска хидроцентрала, кога автомобил кој доаѓал од спротивната насока удрил во нивното возило.
Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот, но исламистичките милитанти поврзани со пакистанските талибанци, кои се разликуваат од нивните авганистански колеги, и националистичките бунтовници често ги напаѓаат кинеските интереси во Пакистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен 65-годишен маж на аеродромот во Атина…
65-годишен маж е уапсен во саботата на…
Невреме ја погоди Далмација: Ветерот кревал соблекувални…
Силно невреме проследено со поројни дождови, град…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа…
Посетата на Еди Рама носи посебен сообраќаен…
Поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди…
Полицијата го приведе 87-годишниот скопјанец кој возеше…
Полициски службеници од Полициската станица Карпош при…