(ВИДЕО) Храбро за Македонија! – Љупчо Ристовски: Овој народ ќе влезе во ЕУ богат, горд и со исправен глава

t

ГРОМ- Граѓанската опција за Македонија, Интегра, Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партијата за целосна еманципација на Ромите потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните парламентарни избори, а лидерот на Интегра, професор д-р Љупчо Ристовски рече дека коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе биде одговор на неуспешното владеење на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

– Македонскиот народ е испратен пред носење на историски одлуки, предизвиците се огромни но и заканите се големи. Оваа коалиција предводена од ГРОМ, Интегра и ПЦЕР очекувам да стане зачеток на нешто ново и ќе го освојува третиот нов пат кој ќе биде одговор на неуспешно владењње на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија не може да биде богата ако не се богати граѓаните или не е образована и здрава нацијата. Образованието, здравството и стандардот ќе бидат фокус на оваа коалиција.

Имаме одговор за растечката сиромаштија: со посебен закон да ги заштитиме социјално ранливите категории.

Државата ќе мора да се рационализира и да се создаде и поттикне творечки потенцијал на секое семејство да може да отвори свој бизнис.

Секој поединец од државата очекува сигурност и безбедност, ако ги немате овие ја немате слободата, а ако ја немате слободата вие го немате творечкиот потенцијал.

Овој народ или ќе влезе во ЕУ и во западниот свет богат, достоинствен, горд и со исправена глава – истакна Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…

Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…

Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…

Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…

Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…

Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…