Арсовска на Конгрес на локални и регионални власти на Советот на Европа во Стразбур
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како потпретседател на Европската народна партија ЕПП за локални власти ко-претседаваше со пленарниот состанок на политичката група во Конгресот се вели во соопштението на Градот.
Во Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа – Council of Europe во Стразбур, Франција како предлог на претседателството на Европската народна партија EPP European People’s Party минатата година Арсовска едногласно беше избрана за потпретседател.
На пленарниот состанок на политичката група се презентираa извештајот на Претседателството и се дискутираше за решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, особено за соработка со цел обезбедување грижа кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и развој на инфраструктурата се додава во известувањето од Град Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран подготвува нова стратегија за напади врз…
Иран започнал да применува нова стратегија за…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Охридското Езеро порибено со сто илјади единки…
Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со…
Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…
Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…
Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка…
На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР…