Бујар Османи очекува Косово да влезе во Советот на Европа во април
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го поздрави усвојувањето на извештајот на известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани, во однос на можниот прием на Косово во оваа европска институција.
„Мило ми е што можам да ја поздравам денешната одлука на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го покани Косово да стане членка. Успешното гласање резултираше со 31 глас „за“ и четири „против“, објави Османи на Социјална мрежа „Х“
Тој додаде дека посакува априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа да биде последен чекор за процесот за членство на Косово во таа европска институција.
Косовскиот премиер Албин Курти синоќа ја поздрави одлуката на Комисијата за политика и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој на платформата „Х“ напиша дека ова е многу важен чекор, што укажува дека Парламентарното собрание на Советот на Европа допрва ќе гласа за препораката.
Два гласа против биле од претставниците на Србија и по еден од Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека грчкиот претставник Алексис Ципрас бил воздржан. Вчерашната дискусија во Стразбур не значи истовремено прием на Косово во Советот на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Реномиран шпански весник: Северна Европа се подготвува…
Иако нордискиот модел денес се соочува со…
Над илјада заразени во Европа од западнонилска…
Повеќе од 1.000 случаи на инфекција со…
ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…
Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…
Европа стравува од нов енергетски шок: Цената…
Европскиот енергетски пазар повторно се соочува со…