Објавено на:

Москва: НАТО се подготвува за конфликт со Русија

t

Активностите на НАТО во Источна Европа и регионот на Црното Море се насочени кон подготовка за евентуален конфликт со Москва, изјавија за Спутник од Министерството за надворешни работи на Русија.


Министерството укажа на зајакнувањето на воениот потенцијал на блокот во Романија, Полска и балтичките земји. Активностите од овој вид се провокација која поттикнува воена тензија на границите на Русија и создава дополнителна закана за безбедноста на земјата.
„Сето ова има за цел да ги подготви сојузниците на НАТО за потенцијален конфликт со нашата земја“, подвлече руското Министерство.

Како пример ја наведоа милитаризацијата на Источна Европа и регионот на Црното Море со проширувањето на романската воздухопловна база.
Романските власти претходно ветија дека ќе инвестираат 2,5 милијарди евра во модернизација на воздухопловната база „Михаил Когелничану“ во областа Констанца. Таму ќе се формира воен град во кој ќе можат да бидат сместени 10.000 војници и нивните семејства. Телевизијата „ТВР инфо“ објави дека со модернизацијата ќе се овозможи до 2040 година базата да се претвори во најголем објект на НАТО во Европа. Американската армија го користи од 1999 година.


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе ги следи дејствијата на Романија, ќе ги проценува ризиците и ќе ги земе предвид при воените планови.
Москва постојано забележува дека Северноатлантската алијанса е насочена кон конфронтација, а нејзиното натамошно проширување нема да донесе поголема безбедност во Европа. Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за ниту една земја од блокот, но дека нема да ги игнорира дејствата кои се потенцијално опасни за нејзините интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дипломатска војна: Британија ќе го протера одбранбеното…

Велика Британија во средата соопшти дека ќе…

Припадници на АРМ ќе учествуваат во операција…

На предлог на Министерството за одбрана, Владата…

Американската амбасадорка привремено ја напушти Русија!

Амбасадорката на САД во Русија Лин Трејси…

Путин: Не одбиваме дијалог со Западот, изборот…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше свечено…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…