Објавено на:

Американската централна банка потврди рекордна загуба

t

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поевтинуваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со…

Ќе се прегласува во Охрид и во…

Државната изборна комисија вечерва го поништи гласањето…

Словенечкиот судија Марко Бошњак е избран за…

Словенечкиот судија Марко Бошњак е избран за…

Грција планира набавка на 10 француски ловци…

На 10 мај 2024 година, Генералштабот на…

Стејт департмент: САД се цврсто посветени на…

Соединетите Држави остануваат цврсто посветени на Договорот…