ДУИ: За победникот во албанскиот блок одлучуваат само гласачите Албанци, а не Мицкоски, Трајанов или Кремљ

t

Од победничкиот Европски фронт не стравува само албанската опозиција, туку и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, велат од ДУИ преку соопштение. Според партијата, Мицкоски „наместо да понуди конкретна изборна програма, тој заедно со опозицијата, обединета со диригeнти од на Путинова Москва, избра да ја клеветат и навредуваат коалицијата Европски фронт“.

-Ова го кажа и самиот партнер на Мицкоски, Изет Меџити, чија грижа беше дека „ниту една македонска партија не ја сака ДУИ”. ДУИ им става до знаење и на Мицкоски и албанската опозиција дека како и досега, за победникот во албанскиот блок одлучуваат само гласачите Албанци, а никако Мицкоски, Павле Трајанов или Кремљ.

-Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите со „+20 пратеници” и идната Влада несомнено ќе го продолжи европскиот пат на земјата, порачуваат меѓу другото од партијата од Мала Речица.

За Мицкоски, потпишувањето коалиција на ДУИ со неколку политички партии во Европскиот фронт е „неуспешен политички маневар“. Иако во оваа коалиција покрај албански партии за првпат влегуваат и партии на Турци, Бошњаци и Роми, според Мицкоски тоа нема да ги смени позициите на ДУИ.

-Ценам дека се обидуваат да направат маневар на политичкиот простор со што ќе го ублажат поразот на следните парламентарни избори. Не мислам дека ќе биде овој потег успешен имајќи предвид лицата кои што пристапуваат на таа коалиција. Во минатото имаше многу обиди ДУИ да претстави одредени позиции кои што се неуспешни. Ќе ве потсетам на зелената транзиција на партијата која што наместо еколошки политики презентираше бизнис тендер политики, рече лидерот на опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…

Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…

Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…

Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…

Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…

Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…