Апликацијата „Телеграм“ блокираше илјадници налози поради повици на терористички напади
– Апликацијата „Телеграм“ пред четири дена почна да презема мерки за спречување на пораки со повици на терористички напади, соопшти денеска основачот на месинџерот Павел Дуров.
„Како резултат на тоа, беа стопирани десетици илјади обиди за испраќање такви пораки, а илјадници корисници кои учествуваа во овој флеш моб се соочија со трајно блокирање на нивните профили на Телеграм“, напиша тој на својот канал на „Телеграм“.
Дуров истакна дека почнувајќи од следната недела, сите корисници од Русија, Украина и Белорусија ќе можат да го ограничат кругот на оние кои можат да им испраќаат приватни пораки.
Според него, ќе се воведат решенија базирани на вештачка интелигенција за поефикасно филтрирање на таквите несакани пораки.
„Телеграм не е место за испраќање неовластено пошта и повици на насилство“, нагласи Дуров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…