Денеска се празнува Светиот апостол Аристовул

t

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на светиот апостол Варнава. Родно место му е островот Кипар. Следбеник на свети апостол Павел, којшто во Посланието до Римјаните и го спомнува (16, 10). Кога великиот Павел поставуваше многубројни епископи за разни краеви на светот, тогаш го постави и Аристовул за епископ британски (англиски). Во она време народите во Британија беа диви, неверни и сурови, а Аристовул од нив претрпе неискажливи маки, беди и пакости. Безмилосно го биеја, го влечеа по улиците, му се подбиваа и го исмеваа. На крајот, со силата на Божествената благодат, овој свет маж постигна успех. Ги просвети овие народи, ги крсти во името на Господ Христос, изгради таму цркви, посвети свештеници и ѓакони и најпосле мирно се упокои во Господа и појде во Неговото Царство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Чудото на светиот апoстол…

Денеска се празнува Чудото на светиот апoстол…

Денеска се празнува Спомен на јавувањето на…

Во времето на царот Констанс, синот на…

Денеска се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Родена е во градот Тарс, од родители…

Денес е мал Велигден: На една недела…

Во недела е Томина Недела или Нова…

Денеска се празнуваат Светите девет маченици во…

Овие деветмина храбри маченици, во кои гореше…