Абазовиќ: Да бев премиер, Црна Гора немаше да гласа против Косово во Советот на Европа
Да бев се уште премиер на Црна Гора, официјална Подгорица немаше да гласа против членството на Косово во Советот на Европа, изјави поранешниот премиер на Црна Гора Дритан Абазовиќ.
Гласањето на црногорските пратеници во Комитетот за политика и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа против Косово ја одразува новата реалност на мнозинството во таа земја, додаде тој.
– За време на мојот мандат целосно го поддржавме Косово, но ова е нова реалност. Тоа се случува затоа што мнозинството е создадено од партии кои не ја делат истата визија, програми и вредности. Тие мислат дека може да работи, јас го велам спротивното – изјави Абазовиќ.
Запрашан за немањето конкретни резултати во дијалогот меѓу Србија и Косово, Абазовиќ апелираше двете страни да бидат конкретни.
– Изгубивме 20 години, не можеме да чекаме уште 20. Го поддржувам изнаоѓањето конечен договор меѓу Србија и Косово и ги повикувам двете страни, владите, лидерите да седнат заедно и да најдат решение за иднината на оние луѓе кои својот живот го гледаат во регионот – заклучи поранешниот црногорски премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев: САД, Израел и Иран треба да…
САД, Израел и Иран треба да се…
ОАЕ бара итен крај на војната меѓу…
Висок функционер на Обединетите Арапски Емирати повикува…
Полицијата сузби дива плантажа за марихуана
Министерството за внатрешни работи откри дива плантажа…
Седумдесет лица се убиени во последните израелски…
Вкупно 70 лица беа убиени во израелските…
Трамп не сака да врши притисок врз…
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе…