(Видео) Да се потсетиме КАКО КОАЛИЦИОНИОТ ПАРТНЕР НА МИЦКОСКИ го поддржа францускиот предлог – пред да излезете да протестирате да го прочитате документот

t

На вечерашниот состанок на Претседателството на Обединети за Македонија, се донесе одлука за поддршка на т.н. француски предлог за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, соопшти партијата.

„Билатералните прашања не се дел од преговорите. Со самиот предлог, се потврдува македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Правото на самоопределување е една од вредностите на Европската Унија. Затоа, најискрено советуваме, пред да излезете да протестирате, да го прочитате документот кој е јавно достапен и самите да донесете заклучок, дали ќе ја поддржете радикалната левица која шири невистини и идеологија чиишто земји каде е на власт истата, се најниско рангирани во светот, или ќе продолжиме по европскиот пат како горди Македонци“, велат од Обединети за Македонија.

Членството на ВМРО-ДПМНЕ е во вистински шок откако пред малку од Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ излегоа некогашните најблиски соработници на Зоран Заев.

Љубе Бошковски, Стојанче Агнелов и Павле Трајанов по средба со Мицкоски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и официјално станаа дел од коалицијата „Твоја Македонија“ која ќе го бара гласот на следните парламентарни избори.

Љубе Бошковски

Бошковски во 2011-та година беше уапсен откако беше фатен на снимка како зема пари од грчкото разузнавање за промена на името на државата.

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски на неговиот соговорник му ветува решение на проблемот меѓу Скопје и Атина, а за возврат добива евра.

Eве ја содржината од разговорите на друга локација, во која Бошкоски ветува брзо решение на името ако дојде во власта на изборите во 2011-та:

Љубе Бошкоски: Терам кампањава топ. И така.

Посредник: Немој после да ме забораваш.

Љубе Бошкоски: Никогаш. Ти се колнам, во три деца ти се колнам.

Посредник: Браво

Љубе Бошкоски: Еднаш…ние не сме п…и…зборев дека грците ни се пријатели …сега имав интервју синоќа беше прикажано…

Посредник: Што те прашаа дали го менуваш уставното име ха.

Љубе Бошкоски: Јас им викам не го менувам уставното име, ама верувам кога ќе падне институционалниот поредок наречен Никола Груевски дека со нашата братска пријателска Грција ќе седнеме ќе разговараме. ПРАВАМ ФИНТА ме разбираш. Тие ни се пријатели. Ја мислам дека нашите пријатели ќе ни помогнат да го решиме ова прашење.

Според експертите, и новите снимки потврдуваат дека Љубе Бошкоски сторил кривично дело – земање пари за нелегално финансирање на кампањата за изборите во 2011-та година. Претседателот на Обединети за Македонија кажува за што ќе ги користи парите.

Љубе Бокоски: Брат сериозно, ама нема потреба јас да се фалам јас гледам на терен луѓе, без автобуси без ништо, а полни плоштади. Едино ќе ми треба, за Тетово ќе ми треба многу пари. Знаеш првиот и задниот митинг и за Охрид ќе ми требаат многу пари

Посредник: Многу тешко ќе поминам на граница. Многу се пазам…за последниот митинг ако може нешто да соберам…. и се ќе ти дадам како што треба.

Љубе Бошкоски: Последниот митинг ми е во петок… Со едно 50 илјади ќе завршиме работа.

Посредникот: За митингот.

Љубе Бошкоски: За митингот ни требаат автобуси од цела Македонија. Ми треба 100 автобуси, по 250 евра, 25 илјади евра…

Бошкоски на соговорникот му потврдува дека е подготвен за два дена да договори промена на уставното име на земјава, но и на идентитетот, со тоа што, на сугестија на соговорникот, прифаќа наместо Македонци, народот да се нарекува, граѓани на Северна Македонија.

Нејасно е како новиот коалиционен партнер на Мицкоски, Љубе Бошковски ќе седне на иста маса со долгогодишниот член и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски кој лично беше предаден од Бошковски на судот во Хаг.

Екс-премиерот Никола Груевски во пост на Фејсбук откри дека Брат Љубе најдиректно и најмизерно го местел и кодошел Тарчуловски за случајот Љуботен.

Во негов стил Груевски открива многу детали за времето кога Бошковски беше министер, за дел од нивните средби.

За работите кои ги говори Груевски постојат и видео докази објавени на повеќе македонски телевизии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…