Ковачевски се надева дека на ТВ дуелот ќе ги слушне ставовите на Мицкоски за клучните прашања за државата
Добро е за кандидатите за носителите на функциите на државата, иден пратеник или иден премиер на државата да ги презентираат своите програми, ставови, како и одговори на клучните прашањата, истакна денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на новинарско прашање што очекува од ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, што треба да се одржи на 3 април.
Ковачевски истакна дека се радува на ТВ дуелот, на кој, како што рече, граѓаните ќе слушнат кој каков став има за најважните прашања за државата.
– Моите ставови веќе ги знаете. Меѓутоа се надевам дека во среда ќе можеме да ги чуеме и ставовите на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, во однос на интегрирањето на државата во Европската унија, во однос на односите со соседите и во однос на внатрешните односи во државата виза вi другите етнички заедници, рече Ковачевски.
Лидерот на СДСМ, Ковачевски заедно со својот тим на соработници има средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и членови на Управниот одбор на комората.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОСЛЕДЕН ОБИД ДА СЕ СОПРЕ НОВА ВОЈНА:…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, по директна…
Патриотско друштво со предлог решение за студентскиот…
Гледам дека студентите бараат зголемување на субвенционираниот…
Трамп: Сега, заедно со Нетанјаху, морам да…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сега…
БЛИСКИОТ ИСТОК ВО СОСТОЈБА НА ВИСОКА ПРИПРАВНОСТ:…
Безбедносните тензии на Блискиот Исток дополнително се…
До документ со неколку клика на мобилен…
Со бесплатната мобилна апликација m.Uslugi, граѓаните добиваат…