Измама во Скопје: Лице лажно се претставило како вработен во Министерство за финансии и изнудило пари од брачен пар

t

Брачен пар од Скопје биле измамени за сума од 2.200 евра.

Како што соопшти полицијата, вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, 55-годишен скопјанец пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице за сума од 2.200 евра.

Според пријавеното, на 12.03.2024 лицето се јавило на неговата сопруга и се претставило наводно како вработен во Министерство за финансии и дека можел да им помогне да им бидат исплатени парите што ги имале во една банка во стечај. Како што е пријавено, во периодот од 12.03. до 27.03.2024, лицето во неколку наврати побарало и добило пари од нив. Според пријавеното, исто така, на 28.03.2024 лицето повторно му се јавило и се обидело да изнуди пари, по што тој сфатил дека бил доведен во заблуда и измамен, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Апасиев во Москва се сретна со…

Делегација на Левица, предводена од лидерот на…

Путин: Илон Маск е вистински гениј!

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали Илон…

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА, КОЈА НА СУДИЈАТА ЃОКО…

Искра Хаџи Василева е новата Јавна обвинителка…

ЕУ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА КАНАДА ДА…

Европската Унија се откажала од идејата на…

(Видео) Пронајден и казнет возачот кој возеше…

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“,…