Савиќ: Исчезнувањето на Данка може да е поврзано со педофили, со влашка магија или со родителите
Ова не е првпат да исчезне дете во Бор, на тој простор често се случуваат монструозни злосторства. Врз основа на моето долгогодишно искуство во работењето во МВР, решавањето случаи на крвни и полови деликти, јас лично имам три можни верзии поврзани со случајот со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ – појаснува поранешниот полицаец Владимир Савиќ. Според неговиот колега Марко Ницовиќ, сега фокусот на истрагата треба да биде на граничните премини, поради можноста девојчето да е жртва на трговија со деца, но треба да се испитуваат и родителите
Трагањето по двегодишната Данка Илиќ од Бор, која исчезна практично пред очите на мајка си, во вторникот рано попладнето, во приградската населба Бањско Поље, продолжува. Сè уште нема трага каде се наоѓа, а во меѓувреме многумина експерти се обидуваат да ја решат мистеријата со нејзиното исчезнување.
Интересна е теоријата на поранешниот припадник на МВР на Србија, Владимир Савиќ, човекот кој заедно со колегите во 2019 година, по неколкудневна потрага, спаси дете од рацете на педофил, познат како Малчански Бербер, и за тоа беше прогласен за маж на годината во Србија.
– Ова не е првпат да исчезне дете во Бор, на тој простор често се случуваат монструозни злосторства. Врз основа на моето долгогодишно искуство во работењето во МВР, решавањето случаи на крвни и полови деликти, јас лично имам три можни верзии поврзани со случајот со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ. Првата верзија е поврзана со педофилијата, втората со ритуалните обреди на влашката магија, а третата ја вклучува можноста родителите на девојчето да учествувале во нејзиното исчезнување – вели тој за „Вечерњи“.
За првата верзија, дека овој трагичен настан е поврзан со педофилијата, според него, на чуден начин потврдува и полициската акција во која еден ден по објавата за исчезнувањето на Данка, беа уапсени бројни педофили во неколку града во Србија, меѓу кои и неколкумина од Бор и од 20 километри оддалечениот Заечар. Тие малтретирале деца на возраст од три до 14 години.
– Втората верзија, која како поранешен член на МВР специјализиран за крвни и полови деликти не би ја исклучил, е поврзана со обредите на влашката магија – вели Савиќ.
Тој посочува дека Бор и блиските Заечар и Мајданпек имаат еден заеднички именител, а тоа е влашката магија, која заедно со вуду магијата се смета за една од најсилните во светот.
– На тој простор сè уште „оперираат“ разни јасновидци и гатачи, се прават ритуали во кои луѓето сè уште веруваат во 21 век, па во 2008 година, во источна Србија, во селото Јабуковац се случи злосторство. Повратник од странство, убеден дека целото село му прави црна магија, уби 14 или 15 луѓе – вели Савиќ, нагласувајќи дека се работи за многу специфична средина, што, како што тврди, треба да се има предвид.
Тој информира дека не е првпат да исчезнат деца во Бор. Пред една година, на пример, имало исчезнување, а потоа и киднапирање на малолетно лице.
Третата верзија за вклученост на родителите, за Савиќ, исто така е многу веројатна. Тој верува дека мајката, не одговарајќи на т.н. златни прашања на криминологијата, на истражителите не им ја открила целата вистина за настанот на кој била сведок, поради што, според информациите објавени во медиумите, се сомнева дека нешто крие.
Дека истрагата треба да ја смени насоката смета и поранешниот началник на белградската полиција и член на Светската асоцијација на началници на полиции, Марко Ницовиќ, кој вели за „Курир“ дека следен чекор на истражните органи треба да биде проверка на соседните гранични премини, зашто најблискиот е на само 30 минути од местото на исчезнувањето на Данка.
– Во светот има голема експанзија на трговијата со деца, особено на нејзина возраст, поради што следен чекор на надлежните органи би требало да биде проверка на граничните премини. Доколку детето исчезнало во тишина, како што се претпоставува, тоа би значело само дека е киднапирано на професионален начин или дека самите сведоци на исчезнувањето имаат некакви сознанија – вели тој и додава дека треба да се продолжи и со распитот на членовите на семејството.
– Пребарувањето на областа околу местото на исчезнување сега, за жал, е губење време и ресурси. По толку време, речиси и да нема шанси да е детето во тој предел. Секоја педа е испитана и нема резултати, затоа треба да се смени насоката на истрагата детето сугерира Ницовиќ.
Вчера, шести ден по ред, се трагаше по двегодишната Данка, чија мајка изјави дека ја снемало кога се свртела за момент да му даде вода на другото дете. Во овие шест дена, илјадници полицајци и доброволци ја претресоа секоја педа од просторот од десетина квадратни километри и од небо и од земја, го расчистија теренот на местото на исчезнувањето, влегоа во подземните тунели долги 4,5 километри, но не најдоа никаква трага за присуство на малата Данка. По неа трагаше и кучето Зиги, кое откриваше преживеани во последниот разорен земјотрес во Турција. Во меѓувреме, полицијата се фокусираше и на семејството. Таткото беше ставен на полиграф, кој, според српските медиуми го поминал, додека мајката беше распрашувања во полицијата петпати, а беше однесена и на местото на настанот за да се изврши реконструкција. Исто така, беа уапсени, па пуштени три лица во Босна и Херцеговина, кои преку социјалните мрежи лажно информирале дека ја имаат Данка и барале откуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…