Русија спроведува антитерористичка операција во Дагестан, досега уапсени три лица
Русија спроведува „антитерористичка операција“ во јужниот регион на Дагестан и утрово досега приведе три лица, пренесоа руските новински агенции, повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет.
Русија е во состојба на висока готовност по масовното пукање во концертна сала во Москва на 22 март – најсмртоносниот напад во земјата во последните 20 години, со најмалку 144 убиени.
„Безбедносните агенции уапсија тројца бандити кои планирале серија терористички злосторства. При увидот на местото каде што се фатени криминалците, пронајдено е автоматско оружје, муниција и импровизирана експлозивна направа подготвена за употреба“, рече тој.
Претходно Комитетот објави дека безбедносните служби блокирале осомничени криминалци во неколку станови во станбените квартови на регионалната престолнина Махачкала и во еден од најголемите градови во каспискиот регион.
Немаше цивилни жртви или загуби меѓу припадниците на силите на редот.
Операцијата продолжува, соопшти Комитетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…
Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…
Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…
Путин ја презема одговорноста за нападите на…
Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…
Oбид за убиство во гостиварско Чегране
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…