Промоција на ЗНАМ – кандидати за пратеници

t

Утврдени кандидатските листи за пратеници на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.

Последните анкети за движењето јасно покажале дека граѓаните имаат се поголема доверба во нив и дека за разлика СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои како што велат, во голема мера ги номинирале досегашните пратеници и не понудиле ништо ново, нивните кандидати се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, авторитетни и препознатливи.

„Изборната единица еден ќе ја предводи Бобан Карапејовски, професор на катедрата за Македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ .Носител на листа во изборна единица два ќе биде Дамјан Стојчевски, директор на јавното претпријатие Чистота и Зеленило во Куманово. Изборната единица три ќе ја предводи Павле Арсовски, генерал мајор во пензија. За носител во изборна единица четири партијата го предложи Миле Цеков, претседател на стопанска комора на југоисточна македонија, додека пак, изборна единица пет ќе ја предводи поранешната пратеничка Весна Бендевска. Носител на изборната единица шест ќе биде Небојша Захариевски, магистер по правни науки.“ – изјави Никола Мемов портпаролот на движењето.

Од движењето уште еднаш потврдија дека на престојните претседателски и парламентарни избори ќе настапат сами. Ја оставаат отворена можноста за коалицирање по завршувањето на изборите, но само врз основа на изборните резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР РАДЕВ ЈА ОБВИНИ РОМАНИЈА ЗА…

Бугарскиот премиер Румен Радев упати сериозни обвинувања…

УЛТИМАТУМ ОД ВАШИНГТОН ДО ТЕХЕРАН: САД бараат…

Соединетите Американски Држави испратиле ново, остро предупредување…

Стојна од Кратово повторно уапсена кај „Куклица“…

Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од…

Приведени четворица осомничени за смртта на двајца…

Четворица приведени под сомнение дека сториле две…

Инцидент во центарот на Скопје – Оштетен…

На 27.10.2026 во 20:00 часот во СВР…