Кличко: Русите би можеле повторно да го нападнат Киев, тоа ќе биде крвава одлука
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека главниот град на Украина повторно би можел да стане цел на руските копнени сили.
– Киев беше и останува цел на (рускиот претседател Владимир) Путин, бидејќи главниот град е срцето на земјата. Но, сега сме многу подобро подготвени за тоа отколку пред две години. Ако Путин ја донесе таа одлука, тоа ќе биде крвава одлука, изјави Кличко за германски „Билд“.
Кличко интервјуто го даде пред уништената станбена зграда која пред неколку дена беше погодена од руски проектил. Притоа, тој го повика Западот да ја зајакне својата поддршка за Украина: „Итно ни треба повеќе противвоздушна одбрана, повеќе противвоздушни ракети“, потенцираше градоначалникот на Киев..
Тој одговори и на коментарите на некои западни политичари за преговорите или т.н „замрзнување на војната“, велејќи: „Тоа е погрешен став. Наместо тоа ни треба поголема поддршка. Нема да ѝ дадеме на Русија никаква територија. Нема компромис за тоа“, додаде Кличко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…