Објавено на:

Руската воена разузнавачка единица можеби стои зад „Хавана синдромот“

t

Мистериозниот „Хавана синдром“ кој ги погоди американските дипломати и шпиони ширум светот, може да биде поврзан со енергетско оружје што го користат припадниците на руската воено-разузнавачка диверзантска единица, објави медиумската групација Инсајдер.

Истрагата на американското разузнавање, чии наоди беа објавени минатата година, рече дека е „многу неверојатно“ дека непријателска страна е одговорна за болеста, која првпат беше пријавена од претставници на американската амбасада во кубанската престолнина во 2016 година, пренесува Ројтерс.

Но, истражувачката медиумска група Инсајдер, фокусирана на Русија, која е со седиште во Рига, тврди дека членовите на руската воена разузнавачка единица (ГРУ), позната како 29155, биле во близина кога се случил медицинскиот инцидент, во кој учествувал и американски персонал.

Едногодишната истрага на Инсајдер во соработка со 60 Минутс и германскиот Шпигел, исто така, откри дека постарите членови на единицата 29155 добивале награди и унапредувања за работа поврзана со развојот на „несмртоносни акустични оружја“. Русија претходно негираше каква било вмешаност.

Симптоми на болеста се мигрена, гадење, губење на меморијата и вртоглавица. Извештајот на Инсајдер тврди дека првиот инцидент со симптоми на „Хавана синдромот“ најверојатно се случил пред 2016 година: „Можно е нападите да започнале две години порано во Франкфурт, Германија, кога вработен во американската влада стациониран во конзулатот таму изгубил свест поради изложеност на моќни енергетски зраци“.

Во 2021 година, американскиот Конгрес донесе специјална регулатива со која ги овласти Стејт департментот, ЦИА и другите владини агенции на САД да обезбедат исплати за компензација на персоналот и нивните семејства кои биле погодени од болеста додека биле на службена должност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…