Форензичар за видеото од Виена: Ова е задача на Интерпол – тие можат да ја решат мистеријата за исчезнувањето на Данка
Часлав Ристиќ, форензичар, во изјава за „Телеграф.рс“ вели дека во моментов задача на Интерпол и на полицијата во Австрија е да ги идентификуваат и да ги испитаат жените од Романија кои се гледаат на видеото од Виена како стојат со девојче, за кое постои сомневање дека е исчезнатата Данка Илиќ (2).
Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, на 26 март годинава повикала полиција и рекла дека детето исчезнало во 13 часот и 45 минути во Бањско Поље.
Досегасо неа е извршен разговор неколку пати, но не и е направена полиграфска анализа бидејќи е бремена. Таа изјавила дека девојчето го донела со постариот син на имотот во Бањско Поље за децата да си играат и дека девојчето исчезнало додека „отишла да му даде вода на синот“.
– Од се што знаеме досега, се сомневам дека се работи за киднапирање на дете. Ова можеше да се заклучи веќе откако полицијата по 24 часа ја насочи истрагата во друга насока. По прочешлуваљњето на 10 километри терен околу местото на исчезнувањето – вели форензичарот Ристиќ.
Според него, полицијата вклучила експерти кои испитуваат дали на видеото снимено од Виена се гледа малата Данка.
– На Интерпол и на полицијата во Австрија е да утврдат кои се жените кои биле со девојчето и зборувале романски. Човекот кој го снимил видеото направил одлична работа и дал до знаење секој дека секој со какви било информации треба да контактира со полиција. Ова ја покажува хармонијата на луѓето во потрагата по девојка – вели Ристиќ.
Полицијата во моментов ја „чешла“ депонијата во Бањско Поље.
Сепак, ова е само еден дел од интензивната потрага. Полицијата деноноќно води увид на сите правци и континуирано врши увид на просторот каде исчезна малата Данка, вклучително и на депонијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…