Кремљ го отфрли извештајот за „Хавана синдромот“
Портпаролот на Кремљ Димитри Песков денеска го демантираше извештајот во кој се тврди дека руската разузнавачка служба стои зад „Хавана синдромот“ кој ги разболува американските дипломати и шпиони ширум светот.
Песков додаде дека никогаш не биле обезбедени докази за поддршка на тоа тврдење и дека тоа е неосновано, пренесуваат британските медиуми.
Извештајот за синдромот го објави новинарската група „Инсајдер медиа груп“, тврдејќи дека постои единица „29155“ на руската разузнавачка служба ГРУ чии членови се наградени за развој на „несмртоносно акустично оружје“.
„Хавана синдром“, чии симптоми вклучуваат вртоглавица, гадење, главоболки и проблеми со меморијата, првпат беше забележан кај американските дипломати во Куба во 2016 и 2017 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерко ќе плати 5.000 евра за незаконско…
Парична казна во висина од 5.000 евра…
Рустемовски се пласираше меѓу најдобрите осум боксери…
Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличниот…
Тикток-предизвик довел до трагедија во Романија: Момчиња…
Двајца тинејџери загинаа во тешка сообраќајна несреќа…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Дел од Гази Баба утре ќе остане…
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека…