Емил Рајковиќ влезе во историјата на една од најсилните лиги во Европа!
Најдобриот македонски кошаркарски тренер во моментов, Емил Рајковиќ, влезе во историјата на регионалната ВТБ-лига, откако вчерашниот триумф на ЦСКА Москва во пресметката со Локомотив Кубан (86-73) беше негов стоти во натпреварувањето кое важи за едно од најсилните во Европа.
Македонецот е само шестиот стратег од постоењето на оваа лига што успеал да оствари троцифрен број успеси, со што неговото остварување добива уште поголема димензија.
Рајковиќ до завидната бројка победи во ВТБ дојде предводејќи ги екипите на Астана, Автодор и на ЦСКА Москва. Во оваа конкуренција настапува веќе шест години, а зад себе има две признанија за тренер на годината и тоа во 2019 и во 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војната ескалира: САД започнаа нови напади врз…
Војската на Соединетите Американски Држави соопшти дека…
Германија ја обвини Русија за нападот со…
Германија официјално ја обвини Русија за организирање…
Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…
Триесет и петгодишен маж од скопско е…
„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…
Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…
Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…
Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…