Србин избодел со нож едно лице на бензинска кај Јосифово, ОЈО бара притвор

t

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 31 март во раните утрински часови, извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово. Додека оштетениот со друштво од 15-20 лица, негови другари, прославувале раѓање на новородено дете во угостителскиот објект, на друга маса седел осомничениот со уште едно лице.

Двајцата под дејство на алкохол, започнале да кршат, да удираат по телевизорот и му се заканувале на сопственикот на објектот кој побарал од нив да си заминат затоа што станале агресивни. Револтирани затоа што биле избркани, тие излегле од објектот до нивниот камион, по што осомничениот се вратил назад пред влезот каде што се наоѓал оштетениот кој во тој момент зборувал на телефон. Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го прободел со нож во левата страна од градниот кош, нанесувајќи му убодна рана. Осомничениот веднаш се дал во бегство, трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект. Со насилството тој предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите гости.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот странски државјанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентската листа во Србија бара оставки во…

Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…