Во четврток пресуда за киднапирањето на Самоил, внукот на Љубе Бошковски

t

Во четврток ќе биде објавена пресудата за киднапирањето на Самоил Костадиновски,познат уште и како внук од сестра на политичарот Љубе Бошковски, откако денеска во Основниот кривичен суд Скопје се одржаа завршни зборови.

Обвинителот Дарко Петревски денеска од судот побара обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ да бидат прогласени за виновни. Обвинителството ги товари овие двајца дека го грабнале, односно помогнале да биде грабнат, за да го натераат да плати за дрога од 4 килограми. Самоил по 13 месеци откаско е киднапиран, не е пронајден, а неговите најблиски сметаат дека најверојатно е убиен за да му бидат земени парите.

Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на првообвинетиот Виктор Милановски, рече дека немало логика во доказите, а според адвокатот Драган Пешевски, бранител на второобвинетиот Челичиќ, обвинителството не докажало ништо против второобвинетиот и тој побара ослободителна пресуда.

– Самоил беше мој другар и пријател, се дружевме, бев кај него дома, никогаш не би помислил да направам нешто такво, а камо ли на некој што ми бил другар, пријател, како брат, рече обвинетиот Милановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…

Да помогнеме за лекување на 19-годишниот Виктор…

На 19-годишниот Виктор Боневски од Скопје му…

Апел за пomoш на социјалните мрежи: Се…

Се бара лицето Љубе Димитриевски. -Ве молам…