Објавено на:

Експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот во Истанбул, во кој загинаа најмалку 29 лица

t

Експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот што избувна вчера во 16-катница во квартот Бешикташ во Истанбул. Според турските медиуми, најмалку 29 лица загинале во пожарот, а едно лице е тешко повредено, јавија турските медиуми.

Во експлозијата се запалиле градежни материјали во двата подземни ката на зградата. Во приземјето е ноќниот клуб „Маскарада“ каде што вчера работници вршеа звучна изолација и заварување.

-Некои од градежните материјали беа влакнести и се запалија како факели, изјави претставник на противпожарната служба. Според него, на објектот му недостига противпожарна опрема.

Дополнителна причина за трагедијата е и тоа што собата има само една влезна врата, без излез за итни случаи. Повеќето од луѓето внатре починале од задушување. Во моментот на инцидентот во зградата имало околу 60-70 луѓе.

Во писменото соопштение од општината Бешикташ се наведува дека ноќниот клуб не побарал дозвола за реновирање, како што налага прописот. Исто така, се забележува дека објектот има лиценца од 1987 година, која е обновена во 2018 година поради промена на сопственоста.

Приведени се девет лица од управата на ноќниот клуб и неколку работници. Тројца од приведените имаат криминални досиеја.

Претставници на дипломатските претставништва на Германија, САД, Велика Британија и Делегацијата на ЕУ во Истанбул изразиле сочувство за жртвите од пожарот.

Продолжува обемната истрага за случајот. Во спасувачката акција за отстранување на заглавените во блокот учествуваа полициски екипи, пожарникари, медицински спасувачки екипи и возила на брзата помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…

Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…

Црногорската влада воведе санкции против Белорусија

Владата на Црна Гора денес одлучи да…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Бочварски: Не се знае до кога ќе…

Благој Бочварски од СДСМ во гостување на…

Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…