Јокиќ го помина Кармело и сега е трет стрелец во историјата на Денвер
Како што се ближи најважниот дел од сезоната, така и Никола Јокиќ ја крева својата форма и игра фантастично.
Ноќеска Денвер го победи Сан Антонио со 110-105, а српската суперѕвезда постигна 42 поена, 16 скока и 6 асистенции. Со тоа, Јокиќ стигна до 13.978 поени во НБА кариерата и стана трет стрелец во историјата на Нагетс, надминувајќи го легендарниот Кармело Ентони кој во деветте сезони во Колорадо постигна 13.970. Пред него се само Ден Ајсел со 14.659 и Алекс Инглиш со 21.645. Нема сомнение дека ако остане во Денвер, за неколку години ќе стане прв стрелец во историјата на франшизата.
Денвер го скрши отпорот на Сан Антонио дури во последните секунди иако во финалната четвртина водеше и со 11 поени разлика (99-88). Во последната минута беше 105-105, а потоа Портер постигна тројка, Вембанјама не успеа да врати, а Јокиќ стави точка од линијата за слободни фрлања.
Бранхам постигна 24 поени, а одличен меч одигра и Вембанјама кој заврши со 23 поени, 15 скока, 8 асистенции и 9 блокади. Денвер го искористи киксот на Оклахома и сега е прв во Западната конференција, но со натпревар повеќе од Тандер и Минесота.
РЕЗУЛТАТИ
Торонто – ЛА Лејкерс 111-128
Вашингтон – Милвоки 117-113
Мајами – Њујорк 109-99
Филаделфија – Оклахома 109-105
Минесота – Хјустон 113-106
Денвер – Сан Антонио 110-105
Јута – Кливленд 113-129
Голден Стејт – Далас 104-100
Сакраменто – ЛА Клиперс 109-95
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше…
Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти…
Прометот во индустријата во август 2026 година…
Ројтерс: Наредбата за ограничување на Starshield за…
Одлуката за ограничување на пристапот на Украина…
САД подготвуваат план за употреба на „мајката…
Белата куќа подготвува планови за можна употреба…
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…