Објавено на:

Јакимовски: Ни на Америка, ни на свети Америка нема да им отстапиме кога се работи за Република Македонија

t

Граѓаните можеа да нѐ тестираат, како претседателски кандидати, дали подлегуваме на закани, истакна на денешната претседателска конвенција лидерот на ГРОМ и кандидат за шеф на државата, Стевчо Јакимовски.

– Граѓаните можеа да видат дека ни Америка, ни свети Америка, кога е во прашање Република Македонија, нема ни милиметар да отстапиме и сѐ ќе им кажеме што имаме, затоа што чесно си ја обавуваме функцијата. А од оваа говорница ќе им кажам дека и дрогата и криминалот и целата декаденција дојде благодарение на дружбата со нив.

Кутриот Јосип Броз нѐ учеше на вредности , на почитување меѓу народите, немавме пороци, се трудевме сите да работиме, да живееме убаво, да се забавуваме, да одиме на одмор, со еден збор да ја почитуваме државата во која живееме.

Моите политики се исправни и се во интерес на сите граѓани на Република Македонија, без оглед на вера, нација, и материјална состојба. Моите политики го опфаќаат обичниот човек и во претседателот мораат да имаат свој заштитник, за секој еден граѓанин, рече Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Косово да прифати сè што се…

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за…

САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го…

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и…

Слобода или екстрадиција? Денеска ќе се знае…

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска се…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…