(Видео) Јакимовски: Ќе бидам претседател на сите граѓани!

t

Вечерва се одржа претседателската конвенција на Стевчо Јакимовски, кандидат за шеф на државата од коалицијата „Храбро за Македонија“ составена од ГРОМ, Интегра и ПЦЕР.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот говор на Јакимовски од конвенцијата:

– Почитувани пријатели, добровечер.

Добровечер за претседателот на Интегра, господинот Љупчо Ристовски, на господинот  Самка Ибраимоски, претседател на ПЦЕР, посебно ми е драго што ја направивме оваа коалиција, да ги окрупниме силите и да излеземе на мегдан со големите политички партии и да се обидеме да го менуваме црно-белиот свет.

Да дадеме понуда, граѓаните да имаат избор, затоа што избор помеѓу помало и поголемо зло не е избор, избор е ако има понуда и коалицијата „Храбро за Македонија“.

За жал, некои кандиати, зад нив стојат големи политички партии, но за жал знаењата им се мали.

За разлика од нив нашите партии се мали, но знаењето ни е големо.

За внатрешната и надворешната политика, за екомонијата, за социјалната заштита, одлучив да се кандидрам за претседател на Република Македонија како круна на 37-годишно активно бавење со политика.

За разлика од другите политичари  кои имаат комплекс што биле политичари во времето на социјализмот,  јас го сметам како предност што сум бил полиичар и во социјалистичко општество, зошто знам како изгледа уредена и сериозна држава, ова што денес ние го имаме  е обична играчка и на секаков можен начин се трудиме да ја разградиме Република Македонија.

Зошто токму сега?

Затоа што најитната работа за еден политичар е стабилноста, да не може ништо да го извади од колосек, претседателот на државата не е протоколарна функција, напротив, тој ќе биде соочен со големи притисоци, со промени на чудни закони, со промени на Устав, притисок да се откажеме од идентитетските прашања.

Граѓаните можеа да нѐ тестираат, како претседателски кандидати, дали подлегуваме на закани.

Граѓаните можеа да видат дека ни Америка, ни свети Америка, кога е во прашање Република Македонија, нема ни милиметар да отстапиме и сѐ ќе им кажеме што имаме, затоа што чесно си ја обавуваме функцијата.  А од оваа говорница ќе им кажам дека и дрогата и криминалот и целата декаденција дојде благодарение на дружбата со нив.

Кутриот Јосип Броз нѐ учеше на вредности , на почитување меѓу народите, немавме пороци, се трудевме сите да работиме, да живееме убаво,  да се забавуваме, да одиме на одмор, со еден збор да ја почитуваме државата во која живееме.

Моите политики се исправни и се во интерес на сите граѓани на Република Македонија, без оглед на вера, нација, и материјална состојба. Моите политики го опфаќаат обичниот човек и во претседателот мораат да имаат свој заштитник, за секој еден граѓанин.

Не можам да се изначудам како лесно си ги продаваат сопствените граѓаните за малку насмевка и тапкање по рамото.

Јас ќе ви наведам само неколку примери.

Дали САД дозволуваат нејзин граѓанин да биде кривично процесуиран во некоја земја? Не, што и да направи ќе си го однесат во Америка и не дозволуваат да го черечи ниедна држава.  Се сеќавате на министерот Радован Стојковски кој загина кај Катланово поради еодговорното возење во спротивен правец  на припадник на КФОР, од Норвешка и истиот веднаш го земаа и го однесоа во Норвешка иако уби министер, неговата сопруга и неговата ќерка.

Е јас таков претседател ќе бидам!

Не дозволувам ниту еден граѓанин на Република Македонија биде малтретиран, па кој сака нека биде и ќе сторам се да ги заштитам граѓаните од надворешни влијанија и непринципиелните напади и разни црни листи.

Интересно е да се напомене дека на црните листи почнаа да ни ставаат и стопанственици. Јас само сакам да прашам, а кој ќе ни го вработува народот ако способните стопанственици си ги даваме како јагне на кланица.

Сега би сакал да се осврнам на дел од програмските определби во оваа претседателска кампања.

Согласно уставните надежности, во делот на правосудниот систем, совет за безбедност, надворешната политика, дијаспората, како и јакнење на економската дипломатија.

Мандатот за состав на Влада треба да го добие оној кој гарантира дека нема да предовара за идентитетот и јазикот на македонскиот народ.

Претседателот мора да има изворни належности, предлогот за двајца судии во Уставниот суд треба да оди директно од претседателот, а не преку Собранието на Република Македонија. Уставите судии можат да бидат долгогодишни судии, угледни универзитетски професори, истакнати адвокати. Судии во Уставниот суд на Република Македонија не можат да бидат обинчни правници, од јавни претпријатија или од локалната самоуправа и каде уште не. Напротив, мора да бидат угледни судии, угледни адвокати и универзитетски професори.

Претседателот на Република Македонија мора директно да ги предлага членовите на Судскиот совет, а не да се избираат преку Собранието на Република Македонија, затоа што има двојство, односно  тој го назначува началкот на генералштаб и директор на Агенцијата за разузнавање и не ми е јасно зошто судиите во Уставниот суд и во Републичкиот судски совет треба да одат преку Собранието на Република Македонија.

Не може стручен соработник или обичен правник од било која институција да биде член на судски совет и да оценува работа на основни, апелациони и врховни судии.

Претседателот предлага гувернер на НБРМ, треба да се зголемат инегерениците на претседателот, не да предлага, туку  да назначува гувернер. Со тоа ќе се обезбеди самостојност на Централната банка и монетарните власти во однос на Владата на РМ.

Именувањето на директор на Агенцијата за разузнавање треба да биде од редот на  професионален кадар од агеницијата.

Треба да се донесе закон за произведување за чин генерал, началникот на генералштабот треба да биде лице со највисок степен на образование, најголемо искуство и најталентриан за вршење на ова должност.  Покрај завшрени највисоки командно-штабски и генералски школи, мора да биде магистар и доктор на воени науки, и олично да зборува најмалку еден светски јазик.

Седмо, предлагам да се направи нова воена болница по сите НАТО стандарди, со две одделенија, траума и АБХ-заштита. Во оваа болница да се лечат вработените и семетствата на војската, полицијата, Агенција за разузнавање, АНБ, противпожарна заштита, сите кои се дел од безбедносниот систем и државата ќе знае тие луѓе колку се здрави и ќе покажат посебна грижа за нив.

Функционирањето то на оваа болница би се одвивало со  финансиска и стручна помош од НАТО.

Недостатокот на оружје, муницја и современи системи за вооружување  го отвора прашањето за активирање на наменската индустрија. Ќе инсистирам да се поттикнува отворање претпријатија од наменската индустрија, особено лесната индустрија, муниција.

Деветто ќе инсистирам на воведување на посебна единица за употреба на  дронови и враќање на ренџерската единица.

Активно учество на претседателот во надворешно-политичките прашања, безбедноснитеи одбранбени прашања.

Во наворешната политика ќе ги  јакнеме позициите во НАТО структурите, ќе ги исполнуваме условите за влез во ЕУ но со јасно инсистирање за поголем респект кон нашата држава, јасно ставање до знаење дека за идентитетот и јазикот нема со никого да преговараме, а за влезот во ЕУ нема да чекам бесконечно.

Избор и поставување на амбасадори и пратеници во РМ во странство, треба да бидат професионалци и луѓе со долгогодишно искуство, особено во земјите членки на СБ, мора да бидат поставени најдобрите.

Обновување на нераскинливите врски со дијаспората, тие не смеат да бидат запоставени во ниту еден монет и да бидат информирани за проблемите, економските и политичките состојби во РМ.

Македонските  фунцкионери и претседателот на државата мора да се среќава со нашите иселеници и да ги објаснува нашите политики и позиции, како и потешкотиите и решенијата, а да се создаваат услови за повраток на иселениците и создавање на услови за инвестирање во РМ.

Како претседател ќе се залагам за јакнење на  економската дипломатија, привлекување на странски иневстиции, мора да се изработат под итно проекти за енергетика, инфраструктура, транспорт, железницата, рударството.

Република Македонија мора да ги подготвува своите градежни компании за обновата на Украина, за Украина ќе има маршалов план, по завршување на војната треба да се прават максимални напори за македонската индустрија за производство на храна, конзервна индустрија и алтернатива на изгуениот руски и белоруски пазар во наменската идустрија,

Претседателот на дрѓавата нема да дава помилување на лица кои се осудени за кривични дела, кои немаат рок на застарување.

Како претседател на РМ активно  ќе учествувам во внатрешниот политички живот, и ќе отворам прашања битни за граѓаните, пред сѐ промена на изборниот модел, начинот на финансирање на политичките партии, слобода на медиумите, реформи во образованието, здрваството, локалната самоуправа, студентскиот стандард, земјоделството.

Ова е еден целовит програм кој излегува и надвор од уставните можности на претседателот но ние ќе отвараме битни прашања за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија.

Ние нема да се караме, туку ќе соработуваме со Владата на РМ, да не бидеме кочница, доста ни е од народно препукување и спротивставени идеи.

Можете јасно да видите за што ќе се залага важиот кадидат за претседател.

Сакам да ви заблагодарам што вечерва во волкав голем број дојдовте, покажавте дека секоја препрека може да се надмине ако имаш луѓе за спроведување на своите политики, така ги собравме потписите, ова е уште поголема препрека и борба со политичките партии.

Јас ве имам вас, ги имам граѓаните и ќе бидам претседател на сите граѓани!

Да сте живи и здрави, да живее Република Македонија! – Рече Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…