Пендаровски со митинзи почнува од Крушево и Прилеп

t

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски почнува утре, 4 април 2024 година (четврток) со своја кампања започнува утре на централен митинг во Прилеп со почеток во 20:00 часот, а претходно ќе ги посети општините Кривогаштани во 17:30 часот и Крушево во 18:30 часот, информираат од неговиот изборен штаб.

„Во петок, 5 април, Пендаровски ќе ги посети општините Карбинци во 17:30 часот и Пробиштип во 18:30 часот, а централен митинг ќе се одржи во Штип со почеток во 20:00 часот. Во сабота, 6 април, Пендаровски ќе биде со граѓаните на Македонски Брод во 18:30 часот, а централниот митинг ќе се одржи во Кичево во 20:00 часот.

Во недела, 7 април, караванот на Пендаровски ќе биде меѓу граѓаните на Дебрца во 16:00 часот, Вевчани 17:30 часот, Струга 18:30 часот и централен настан во Охрид од 20:00 часот. Во понеделник, 8 април, ќе се одржат митинзи во скопските општини Кисела Вода во 18:30 часот и Аеродром во 20:00 часот“ соопштуваат од изборниот штаб на Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските медиуми со различни резултати од излезните…

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…

Очигледно вечерва во СДС на смена е…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Песков: Путин и Трамп не разговарале за…

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…

Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…

На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…