Уапсен Арачиновец, извршил шест кражби во Кавадарци
Полициски службеници од ОВР Кавадарци уапсиле 42- годишен арачиновец се сомничи дека извршил шест кражби на подрачјето на Кавадарци. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава известуваат од МВР
„По преземени мерки и активности, на 02.04.2024 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Е.(42) од село Орланци, општина Арачиново, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека на подрачјето на ОВР Кавадарци извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“. Н.Е. е задржан во полициска станица и во службен разговор тој признал шест кривични дела „тешка кражба“, кои ги извршил во правни лица, при што одзел повеќе предмети, стои во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За многу години: Денес се празнува Преподобна…
Оваа славна светителка се роди во градот…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно и посвежо. Во северните делови…
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…