Цуцуловски: Редно е и чесно е, наместо да се служат со општи фрази, кандидатите јасно да ги кажат своите ставови за промена на Уставот
ЧЕСНО И РЕДНО Е. Веќе со сигурност се знаат претседателските кандидати. Затоа, редно е и чесно е, наместо да се служат со општи фрази, кандидатите јасно да ги кажат своите ставови за:
– Идејата претседателот на Државата во иднина да се избира во Собранието, наместо на напосредни избори.
– Дали се за бришење на уставната формулација „20 насто/20%“ и нејзина замена со албански јазик, како втор државен јазик.
– Внесување на Бугарите во Уставот, сеедно под какви услови и притисоци тоа би било направено.
Редно и чесно е за претходното јасно да го кажат своето мислење, бидејќи еден од нив, како иден претседател, ќе треба да ги потпише евентуално донесените собраниски одлуки за овие прашања. Ако со нив не се согласува, може да не ги потпише и да поднесе оставка на позицијата претседател на Државата. Сѐ друго (како, на пример, дека се за демократија, за ЕУ, за покачување на стандардот, подобро здраство и сл.) е само гола демагогија, со децении видена во македонската држава. Затоа, до изборите, на ова ќе потсетувам уште во неколку постови. Потоа, после изборите, нивните ветувања ќе се покажат на дело, па ќе остане само пустото сеќавање на она што го ветувале, макар што и тоа (барем досега) се покажа дека е немоќно средство, бидејќи постојано се оправдуваат со ступидната теза дека условите се промениле, како да се во прашање променетите условите, а не н и в н и т е лични промени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До 16 часот гласале 55,7 отсто од…
Излезноста на парламентарните избори во Израел до…
Приведено лице осомничено за двете убиства во…
Едно лице осомничено за двете убиства во…
Хезболах се подготвува за нов судир: Иран…
Либанскиот Хезболах ја искористил паузата во големите…
НЕОФИЦИЈАЛНО ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЛОЗОВО, АЛЕКСАНДАР…
Дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ во…
Пукна балонот – Избришани 480 милијарди долари:…
Кинескиот технолошки пазар се соочува со остар…