За една година се пријавени 119 бегства од Идризово
Народниот правобранител излезе со неверојатни податоци поврзани со затворот во Идризово. Според нивниот најнов извештај за една година вкупно 119 затвореници што излегле на викенди или побарале прекин на издржување на казната, влезени се во евиденција на избегани затворенци. Дел од нив не се вратени на време, по некои пак полицијата се уште трага.
Народниот правобранител забележува и за сместувачките капацитети во најголемиот затвор во земјава.
„Народниот правобранител континуирано, во текот на извештајната година ја следеше состојбата со сместувачките капацитети во КПУ, за што бараше податоци од Управата за извршување на санкциите, а ја согледуваше состојбата и преку редовните посети во овие установи. Според последните податоци од Управата за извршување на санкциите, вкупниот број на осудени лица кои издржуваат казна затвор во установите на ниво на држава изнесува 2.499, а капацитетот на установите е 2.113, што покажува прекубројност од 386 осудени лица. Притоа, најлоша состојба има во КПУ „Идризово“, каде на издржување на казна затвор се упатени скоро 50% од вкупниот број на затворската полулација. Имено, капацитетот на Установата „Идризово“ е за 1.187 лица, а казна затвор издржуваат 1.409 осудени лица, односно 222 повеќе. Загрижува податокот дека во КПУ Идризово евидентирани се 119 бегства од осудени лица, од кои 24 воопшто не се вратени по прекин на издржување на казната затвор. За разлика од затворските одделенија, во притворските одделенија во казанено-поправните установи (затвор Скопје, затвор Гевеглија, затвор Куманово, затвор Охрид и затвор Битола) според податоците, нема прекубројност, односно вкупниот капацитет изнесува 350, а мерка притвор издржуваат вкупно 311 лица“, утврдила посетата и анализите на омбудсманот.
Народниот правобранител добил поплаки и за неквалитетната здравствена заштита.
„Претставките коишто во текот на 2023 година беа упатени до народниот правобранител по основ на права на осудени и притворени лица, повторно беа јасен показател за лошите состојби во казнено-поправните установи (КПУ) во државата. Според статистиката, во извештајната година евидентирани се вкупно 166 претставки во оваа област што е за 41 претставка помалку од 2022 година. Најголем број од претставките беа поднесени од осудени лица кои издржуваат казна затвор (146), потоа за повреда на права на притворени лица (17), а останатите претставки (вкупно 3) се за правен совет. Во претставките упатени до народниот правобранител осудените лица изнесуваа поплаки во однос на условите за издржување на казна затвор, односно пренатрупаност, за (не)квалитетна здравствена заштита, со посебен акцент на немањето лекарства, нередовни терапии, како и за отежнат пристап до специјалистички иследувања и прегледи. Покрај ова, при разговорите со претставници на народниот правобранител, при посетите во казнено-поправните установи укажуваа на влошени односи помеѓу осудените лица како резултат на крајно лошите услови за сместување и пренатрупаност. Поплаките од притворените лица во најголем број се однесуваа на судските одлуки за притвор, бараа посета од претставници на народниот правобранител и во разговор изразуваа наводи за неосновано обвинување“, се вели во извештајот на народниот правобранител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една година се пријавени 119 бегства…
Народниот правобранител излезе со неверојатни податоци поврзани…
Изpаел ослободи 39 палестински затвореници
Израелската затворска служба соопшти дека 39 палестински…
Украина ги отфрла обвинувањата за егзекуција на…
Украинскиот комесар за човекови права во неделата…
Семејствата тврдат: Руски затвореници исчезнуваат од затворите
Роднините на затворениците кои затворската казна ја…
(Видео) Вознемирувачко: Сведоштво на ранетите припадници на…
Направени се снимки од болницата каде што…