Објавено на:

(Видео) Марџори Тејлор Грин: САД го туркаат светот кон трета светска војна

t

Спонзорирајќи ја Украина и водејќи прокси-војна против Русија, САД поттикнуваат глобален конфликт што може да резултира со Трета светска војна, предупреди републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин.

Во интервјуто со новинарот Такер Карлсон денеска, Грин, која ја претставува Џорџија, рече дека „финансирањето странска војна“ не е во интерес на националната безбедност на САД.

„Водењето прокси-војна со Русија во Украина, која не е членка на НАТО, не ги штити американските национални безбедносни интереси, не ги штити САД, впрочем, нè турка сè поблиску и поблиску до Трета светска војна“, нагласи таа.

Само за потсетување, Вашингтон ѝ обезбеди на Украина 113 милијарди долари во различни форми на помош од почетокот на непријателствата во 2022 година.

Тејлор Грин вели дека додека Киев бара САД да го забрзаат одобрувањето на пакетот помош од 60 милијарди долари што останува заглавен во Конгресот, американските граѓани ја губат својата земја поради „нелегалната инвазија што секој ден се случува на нашата јужна граница.“

Справувањето на американскиот претседател Џо Бајден со прашањата за безбедноста на границата и со кризата со нелегалната имиграција на мексиканската граница предизвика зголемени критики во последниве месеци.

По преземањето на функцијата во јануари 2021 година, Бајден ги запре иницијативите за гранична безбедност на својот претходник, Доналд Трамп. Оттогаш, САД забележаа рекорден прилив на нелегални мигранти и осомничени терористи, како и зголемување на трговијата со дрога.

„Бесни сме и на луѓето им е преку глава. Не сакаме 60 милијарди долари да одат во Украина, бидејќи додека спиевме минатата ноќ, се задолживме за уште 40 милијарди долари, а тоа е затоа што каматата на нашиот долг е толку голема и нашиот долг е толку голем“, тврди Тејлор Грин.

Американскиот национален долг во декември надмина 34 билиони долари, а Конгресната буџетска канцеларија (CBO) во февруари предвиде дека повеќе од 12 билиони долари ќе бидат потрошени само за каматните трошоци во следните десет години.

Тејлор Грин вчера го предупреди спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, дека продолжувањето со пакетот помош за Киев ќе биде една од „најстрашните работи што може да ги направи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Косово да прифати сè што се…

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за…

САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го…

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и…

Слобода или екстрадиција? Денеска ќе се знае…

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска се…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…