Објавено на:

Нели нема корупција во ЕУ? 22 лица од четири европски држави уапсени за злоупотреба на фондовите за помош за пандемијата

t

Во акција на полициите на Италија, Австрија, Романија и Словачка денеска беа уапсени 22 лица во рамките на истрагата поради сомнеж дека „извлекле“ стотици милиони евра од фондовите за помош на Европската унија по пандемијата.

Како што пренесуваат светските агенции, 600 милиони евра (650 милиони долари) биле дел од италијанскиот фонд по пандемијата, соопшти Европското јавно обвинителство (ЕППО). ЕППО соопшти дека се сомнева дека криминалната организација меѓу 2021 и 2023 година ги пренасочила неповратните средства од италијанскиот национален план за закрепнување.

Италијанската програма е финансирана од Фондот за опоравување и отпорност на ЕУ од повеќе милијарди евра, кој е дизајниран да им помогне на земјите од ЕУ да им помогнат на нивните економии уништени од вирусот.

Според податоците на ЕУ, италијанскиот национален план за закрепнување и отпорност е најголемиот во блокот, вреден 194,4 милијарди евра грантови и заеми и претставува 10,8 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2019 година.

EППО објави дека финансиската полиција во Венеција, Италија, извршила наредба за замрзнување на имот во вредност од над 600 милиони евра, издадена од судија на претходна постапка. Финансиската полиција во Венеција соопшти дека се запленети и луксузни станови и вили, значителни количини криптовалути, часовници Ролекс, накит Картие, злато и луксузни автомобили.

„Со поддршка на агенциите за спроведување на законот од другите инволвирани земји-членки, 22 лица беа уапсени во Италија, Австрија, Романија и Словачка“, соопшти ЕППО, истакнувајќи дека на осум осомничени им е одреден притвор, додека 14 осомничени се во домашен притвор, a на еден сметководител му е забрането да ја извршува професијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Амбасадорите на ЕУ се согласија да забранат…

Амбасадорите на Европската унија се согласија да…

Евидентиран трговски дефицит од 29 милијарди евра…

Во 2023 година, вкупната вредност на трговијата…

ЕУ ја продолжи трговската поддршка за Украина…

Советот на ЕУ конечно го одобри продолжувањето…