Објавено на:

Руските истражители: Најдовме фотографии на мобилен телефон, кои може да укажуваат на поврзаност меѓу нападот кај Москва и конфликтот во Украина

t

Руските истражители денеска соопштија дека пронашле фотографии, кои наводно ги поврзуваат со Украина, на мобилниот телефон на еден од осомничените за минатомесечниот напад на концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва.

Во нападот загинаа повеќе од 140 луѓе, а 360 беа повредени.

ИСИС во повеќе наврати ја презеде одговорноста за нападот на 22 март, но Русија постојано навестуваше дека Киев и Западот биле вмешани. Уапсени се 12 осомничени, меѓу кои и четворица напаѓачи, кои по потекло биле од Таџикистан.

Истражителите велат дека податоците од мобилниот телефон на еден од осомничените покажуваат дека утрото на 24 февруари минатата година, на втората годишнина од таканаречената руска воена операција во Украина, тој побарал фотографии од „Крокус сити хол“ и им ги испратил на други. Тие додаваат дека осомничениот „сето тоа го потврдил во своите изјави“, пренесува „Ал Арабија“.

Се наведува дека на истиот телефон биле пронајдени дополнителни фотографии, на кои се гледаат луѓе во маскирни униформи како држат украински знамиња пред уништените згради.

„Овие податоци може да укажуваат на поврзаност меѓу нападот и конфликтот во Украина“, велат руските истражители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

СИРИЗА: Го осудуваме новото „провокативно“ прекршување на…

Грчката опозициска партија СИРИЗА, на чие чело…

Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз…

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг…

Во центарот на српските вооружени сили во…

Во центарот на српските вооружени сили за…

(Видео) Фицо уште во април зборуваше за…

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан…