Финансиска полиција поднесе кривични пријави против три лица за измама
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица за сторено кривично дело Измама од чл.247, а во врска со соизвршителство по чл. 22, помагање по чл. 24 и продолжено кривично дело по чл. 45 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Имено, во периодот од 2019 до 2022 година, во Скопје, првопријавеното лице, помогнато од второпријавеното и третопријавеното лице, лажно претставувајќи се, со намера да прибават противправна имотна корист, го довеле во заблуда оштетеното лице, на начин што искористувајќи го трајниот однос и околности, по претходно смислен план, со лажно прикажување и прикривање на факти за неговата и здравствената состојба на членови на потесното семејство, болести и смрт на лица, тешки финансиски состојби, лажно киднапирање, во повеќе наврати го навеле оштетеното лице да исплати парични средства на име помош за погреб, трошоци за операции, плаќање на откуп за киднапирано лице и други невистинити основи, кои достигнале вредност во вкупен износ од 3.557.864 денари, држејќи го во заблуда оштетениот дека паричните средства ќе му бидат вратени со продажба на недвижен имот стекнат од наследство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…
Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…
Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…