Партиите на Албанците сепак потпишале договор за уставни измени?!
Иако негираа, пред неколку месеци, партиите на Албанците во Македонија потпишале документ со кој се обврзуваат дека нема да бидат дел од владата, без јасен договор за уставни измени, откри денеска претседателскиот кандидат, Бујар Османи. Убеден е дека измените ќе бидат направени пред формирањето на новата влада.
Деновиве, во телевизиско интервју, и кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, откри дека уставните измени ќе бидат нивни услов за влегување во влада, како и дека, со ДУИ имаат џентлменски договор. Иако до сега велеше дека само ќе бара гаранции дека измените ќе се случат во одреден временски период, овојпат ја обелодени и временската рамка.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, ова го прокоментира како предизборен фолклор. Тврди дека уставните измени нема да бидат вклучени во преговорите за влада, а условите на сите партии ќе се диктираат по 8 мај. Од оваа партија остануваат на ставот дека, доколку Бугарија сака какво било придвижување во однос на ова прашање, мора да ги спроведе пресудите на судот во Стразбур.
Деновиве и амбасадорката на САД, во телевизиско интервју, изјави дека е можно уставните измени да се изгласат пред формирање на новата Влада, потсетувајќи дека имало преседани, кога биле одобрени амандмани за време на техничката влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…