Објавено на:

Орбан: Српска им припаѓа на Србите

t

Унгарија и Република Српска наскоро ќе бидат целосно поврзани со автопатишта, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на Економскиот форум во Бања Лука и порача дека верува во иднината на Република Српска.

„Ваков настан досега не се случил. Прашуваме зошто се тука највисоките функционери на Српска и Унгарија. Затоа што веруваме во иднината на Република Српска и БиХ. Имаме добро мислење за овој дел од светот. Историјата не започнете вчера. Секогаш се шегувам дека сакам да одам на Запад и затоа доаѓам во Бања Лука“, изјави Орбан.

Тој повтори дека никогаш не треба да се гледа статистиката, туку да се верува на сопствените очи.

„Доколку веруваме дека политиката ќе успее да го стабилизира овој регион, а јас верувам дека ќе го направи тоа, тогаш тука ќе има стабилно економско опкружување на кое може да се смета“, рече унгарскиот премиер.

Тој потсети дека Унгарија во 2010 година имала 3,5 милиони вработени.

„За 14 години вработивме уште еден милион луѓе. Ако ја проектираме таа динамика на Република Српска, тогаш можете да видите со какви капацитети имате на располагање. Затоа сме тука“, рече Орбан.

Тој посочи дека Унгарија им припаѓа на Унгарците и дека и Србите размислуваат исто, како што наведе, дека Српска им припаѓа на Србите“, што треба да го знае и Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Актерот Ѓорѓи Јолевски, историчарот Стојко Стојков и…

Утре, по повод Денот на македонската револуционерна…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…