Маж починал во амбулатно возило кое го управувал пијан словенечки лекар
Австриските медиуми јавуваат за скандалозен случај при транспорт на пациент со амбулантно возило од Хрватска во Минхен.
Како што пишува австриски „Heute“, повикувајќи се на „Kronen Zeitung“, лекарот од итната помош возел со 2,2 промили алкохол во крвта, а болниот 69-годишен пациент починал поради неправилна интубација во санитетското возило.
На пациентот ненадејно му се слошило откако возилото поминало во провинцијата Корушка во Австрија, а пијаниот лекар со над 2 промили алкохол не можел ништо да направи и пациентот починал, пишуваат австриските медиуми.
Идентитетот и националноста на починатиот пациент не е наведен. По брзата помош на лице место била повикана полиција. Полицајците забележале дека докторот се однесува чудно и дека пие алкохол.
„34-годишен словенечки лекар покажал 2,2 промили, а потоа било утврдено дека лекарот наводно погрешно го интубирал пациентот во возилото“, пишува „Heute“.
Резултатот од вештачењето, според австриските медиуми покажало дека погрешниот медицински потег на лекарот во алкохолизирана состојба не е причина за смртта на пациентот, велат оттаму.
Овој скандал ќе има епилог на суд бидејќи млад пијан доктор е обвинет за загрозување на физичката безбедност на пациент. За ова дело лекарот се соочува со затворска казна до три месеци, пишуваат медиумите.
Според австриските медиуми, ова би можело да биде крај на медицинската кариера на 34-годишниот лекар, која штотуку ја започнал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
50 милиони лекарски прегледи во Бугарија за…
Бугарите минатата година биле подложени на 50…
Итно ни требаат најмалку 1000 лекари, вели…
Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека…
Затвореник баран со потерница украл возило па…
На 14.08.2024 околу 09.00 часот на локалниот…
Приведен е и трет осомничен во врска…
Приведено е уште едно лице во врска…
Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…
67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…