Објавено на:

(Видео) Трамп: Лично ќе го предупредев Путин за терористичкиот напад

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека лично ќе го предупредел рускиот претседател Владимир Путин за терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ ако во тоа време бил претседател на САД.

Трамп ова го изјави во интервју со американскиот радио водител Хју Хјуит.

Сугерирајќи дека Вашингтон „знаел дека ќе се случи напад врз Москва“, Хјуит го праша Трамп дали тој лично ќе му се јавел на Путин за да го предупреди, претходно изразувајќи сомнеж дека сегашниот претседател Џо Бајден го сторил тоа.

„Би му се јавил. Би го информирал за тоа“, одговори Трамп.

Во терористичкиот напад на 22 март загинаа најмалку 144 лица, меѓу кои шест деца, а повеќе од 500 лица беа повредени. Ова е најсмртоносниот терористички напад на руска територија од почетокот на веков.

Руските органи за спроведување на законот уапсија четворица вооружени лица за кои се верува дека се одговорни за масакрот како и неколку други осомничени за помагање на терористите.Москва тврди дека терористите имале подготвен план за преминување на границата со Украина.

Иако крилото на Исламска држава (ИД-К) од Авганистан ја презеде одговорноста за нападот, шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников изјави дека можеби биле вмешани САД, Велика Британија и Украина – тврдење демантирано од сите три земји.

Вашингтон и Брисел инсистираа дека Киев и нема никаква врска со масакрот.

По масакрот во „Крокус сити хол“, Белата куќа објави дека САД споделиле информации со Москва за можен терористички напад. Шефот на руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин го потврди ова, но додаде дека „информациите беа премногу нејасни и не ни овозможија целосно да ги идентификуваме оние кои учествуваа во ова страшно злосторство“.

Претходно неделава, неименуван извор изјави за „Вашингтон пост“ дека САД ја предупредиле Русија за претстојниот терористички напад две недели пред трагедијата. Според весникот, Москва добила предупредување со „висок степен на специфичност“ дека популарното место може да биде цел на терористи.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во средата го отфрли тврдењето на американскиот весник, нарекувајќи го целосна лага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: Г7 размислува за заем од…

Сојузниците на Вашингтон од Г7 го разгледуваат…

Рама: Косово да прифати сè што се…

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за…

Путин изрази сочувство, Ердоган вети дека ќе…

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до…

САД го поддржуваат Преспанскиот договор, тоа го…

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и…

Руски експерт открива: Постојат две можности за…

Авионската несреќа во која загина иранскиот претседател…